Општина Новаци започна со имплементација на втор европски проект за заштита на културно историското наследство

Општина Новаци веќе го потпиша договорот со Делегација на ЕУ во Скопје за продолжението на проект „Жива историја,жива природа 2 “  кој чини околу 300 000 евра. До крајот на оваа година треба да се започне со комплетно реновирање на партерното уредување на рекреативниот парк на река Коњарка кај Скочивир, внатрешна реконструкција на црквата Св.Димитрија во с.Градешница која беше опфатена и со првиот проект, деминирање на дел од мариовско и слично.

 „ Ова е продолжение на првиот проект за заштита на културно, историското и природното наследство на општина Новаци. Проектот се реализира со грчката општина Алмопиа а е од Програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013. Со оваа општина имаме одлична соработка и еден успешно завршен преокт зад нас а се андевам дека сорасботката ќе продолжи и понатаму со аплицирање на проекти и во новата програма 2017-2020 која наскоро ќе го објави и повикот. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

 Општина Новаци успешно го заврши имплементирањето на прекуграничниот европски проект за заштита на културно историското наследство со грчката општина Алмопиа со кој беше реконструирана куќата на Калеш Анѓа во Старавина, црквата Св. Димитрија во Градешница,мостот и воденицата во с.Зовиќ, беа обележани историска, природна и комбинирана туристичка патека а беа поставени знаци и 5 сета клупи на различни излетнички места.