НОВ ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА БИТОЛСКИТЕ „ЅВОНЧИЊА“

Со освоена ПРВА наградата од жири комисијата се закити детскиот хор „Ѕвончиња“ на Меѓународниот Арт фестивал „Дојрана“-2015.

На овој фестивал, вчера на 23.06 детскиот хор „Ѕвончиња“ настапи во I категорија, каде што изведувачите имаат до 10 години, а според пропозициите, требаше да биде изведена програма составена од минимум две композиции со различен стил и карактер, во траење до 7 минути.

Вистинска профестионалност на сцената покажаа членовите на „Ѕвончиња“, кои уште повеќе го привлекоа вниманието поради шареноликоста на годините, бидејќи настапуваа деца од 4 до 10 годишна возраст. Тие ја изведоа композицијата „Татковина“ од Кирил Македонски со солистот Кристијан Трифуновски, а посебно внимание предизвика изведбата на „Турски Марш“ од В.А. Моцарт по текст на Маја Митровска и солистите Анастасија Тасевска и Кристијан Трифуновски во пијано придружба на Андријана Думевска.

Диригентот и раководителит на детскиот хор „Ѕвончиња“ Марина Коруновска, истакна дека е посебно горда на оваа награда, која претставува еден вид заокружување на годинешната успешна сезона, воочи десетгодишниот јубилеј на хорот. „Ѕвончињата“ ова лето ги чека уште еден настап на детскиот хорски фестивал во Струга.