Ноќеска почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето започнува во недела во два часот по полноќ, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно во два часот ќе стане три часот.

Во Македонија летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето.