МАКЕДОНСКА ЕТНО ВЕНЧАВКА ОПШТИНА НОВАЦИ 2016

 

16.09.2016 г. ( четврток) во 16:30 часот по сите македонски обичаи и традиции  градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со неговата сопруга Пеша ќе ги канат кумот и деверот. Настанот ќе биде збогатен со три културно уметнички фолкорни друштва од Новаци, Могила и Гермијан.

Следниот ден 17.09.2016 г. (петок) Етно свадбата ќе започне во 15 часот од дворот на општина Новаци каде ќе се започне со канење на жителите на општина Новаци  да присуствуваат на ова етно свадба традиционална со карта, вино и народни носии. Во 20 часот во општинскиот двор ќе се одржи изложба на традиционална народна носија од Пелагонискиот и мариовскиот регион.

Сабота 18.09.2016 г. Во 12 часот етно свадбата ќе започне со традиционално забрикување на зетот, замесување на тесто од страна на сваќата, спремање на поворката која ќе тргне од дворот на Општина Новаци и упатување во домот на Николче и Славица Цветковски од каде ќе се земе невестата со традиционално т.н „купување“.

Венчавката на овогодишниот пар Пеце ( 41 г) и Весна ( 26 г.) талевски од Новаци ќе се одржи во црквата Св. Атанасиј во Новаци. Овој брачен пар е веќе 5 години во граѓански брак но немаат направено црковна венчавка. Имаат две деца.

 

И оваа година општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски се главни покровители на традиционалната манифестација „Македонска етно венчевка“ која годинава се одржува трета година.