Козаров:Битолчани заслужуваат да дишат чист воздух

Општина Битола директно потврди дека нема издадено дозвола на Каменоломот во месноста Бил Бил Камен заради тоа што операторот е задолжен да ги заврши сите мерења во сите медиуми кои се карактеристични за таков вид на дозволи.

Дали со тоа општината потврди дека Каменоломот нема Б интегрирана дозвола за работа?

Тогаш со каква дозвола се одвиваат работните активности во Каменоломот?

Битола е единствена општина во Македонија која нема ниту еколошка програма ниту еколошки катастар!

Наместо да превземе мерки за решавање на овие проблеми раководството на општина Битола и бизнис структурите  блиски до ДПМНЕ продолжуваат да се занимаваат само со тендери, лично богатење и да вршат притисок на поединци криејќи се позади портали кои лесно можат да се поврзат со нив.
Повторно прашуваме, за чии интереси работи Општина Битола?

За интересите на поединци и фирми блиски до ДПМНЕ или граѓаните на општина Битола?

Здравјето на граѓаните нема цена!

Битолчани заслужуваат да дишат чист воздух.

По промените во декември, граѓаните ќе бидат прв и најважен приоритет.