Ќе се гради ракометно игралиште во с. Долно Агларци

Општина Новаци со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку кредит од Светска банка ќе гради уште едно ракометно игралиште во Долно Агларци.

„ Со средства обезбедени преку кредит од Светска банка општината ќе гради уште едно ракоменто игралиште кое ќе чини 1,6 милион денари.Општината веќе има изградено 5 вакви спортски терени и тоа во Горно Агларци, Новаци, Далбеговци,Гермијан и Живојно.“ рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

При крај е и изградбата на тениското игралиште со пропратни содржини за фудбал,одбојка,ракомет и детски играчки ) во с. Добромири.

Општина Новаци многу вложува во спортската инфраструктура. Минатата недела во присуство на премерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески свечено беше пуштено во употреба новото модерно и осветлено повеќенаменско игралште во Новаци. Премеирот Груевски тогаш најави дека до месец август ќе биде завршена и спортската сала кој е прв ваков спортски објект во нашата општина. Од овој спортски објект благодет ќе имаат околу 300 деца. Општина Новаци понатаму на ова место планира изградба на спортско рекреативен центар и забавен парк со играчки за деца како и отворен базен.