Кирацовски:Здравје на граѓаните е пред се и е најважното нешто за кое вреди да се бориме

Со оглед на тоа што над 2000 наши сограѓани од овој регион, се лечат од карцином, а како еден од главните причинители за таа состојба е енормното загадување на Битола и нејзината околиина, оправдани се сите заложби на граѓаните за зачувување на животната средина здрава.

Бидејќи компанијата која стопанисува со Рудникот во месноста Билбил камен сеуште ги нема завршено сите неопходни мерења за загадувањето и ја нема добиено потребната Б интегрирана довзола, ние како претставници на граѓаните сме должни од компанијата да бараме, пред почеток на ископувањето да ја обезбеди неопходната документација.

Здравјето на граѓаните е пред се и е најважното за кое вреди да се бориме!