Извештај на СВР Битола за поминатите четири дена од новата година

За време на новогодишните празници,Секторот за Внатрешни Работи во делот на нарушувањата на јавен ред и мир на подрачјето на целиот Сектор бележи вкупно пет нарушувања со елементи на насилство , од кои три нарушувања со физички напад(едно во Битола и по две во Д.Хисар и Прилеп) како и две тепачки , од кои една Во Д.Хисар и една во Прилеп.

Во делот на Криминалитетот на територијата на Секторот овие четири дена случено е едно разбојништво на подрачјето на ПС-Прилеп, 13 тешки кражби од кои(9)во Прилеп,(3)во Битола,и (1) Ресен.

Исто така пријавени се седум кражби од кои (3) на подрачјето на ПС-Битола , (2) на подрачјето на ПС-Прилеп и по една на подрачје на ПС-Д.Хисар и ПС-Крушево.

Сообраќајната полиција изминатите четири дена изврши шест увиди на сообраќајни незгоди на подрачјето на ПС-Битола,Прилеп,Ресен и Крушево во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди , а аостанатите се со материјална штета.

На 01.01.2016 година во времето од 23.00-00.15 часот на магистралниот пат А-3 (Прилеп-Ресен) кај месноста викана Баир имаше извршена блокада на патот па сообраќајот беше пренасочен низ централното градско подрачје.

На 01.01.2016 година во СВР-Битола беше пријаве настан самоубисто на подрачјето на Битола во куќа на ул.12Кладенци,а на 03.01.2016 година од страна на ИМП Битола беше пријавено починато лице на ул.Д.И.Муратот Во Битола.