Изложба на фотографии „Битолското корзо“

Ворамкитенанајдолгото и најсодржајнокултурнолетовоМакедонија, Битфест 2015 наШирок Сокак се одржа изложбата „БитолскотоКорзо“ во организацијана веб – порталот Шеталиште.
На изложбата беап ретставени фотографии од популарниот проект Саботно корзо како и мултимедијалниот проект Битолското корзо в очетири сезони што се емитува на Тера телевизија.

„Ни претставува чест и огромно задоволство што денеска имаме можност да го претставиме нашиот популарен проект Саботно корзо на веб – порталот Шеталиште кој секоја сабота за нашите читатели нуди папарацо фотографии токму од местото каде што моментално се наоѓаме а тоа е нашиот Широк Сокак. Проектот започна пред скоро една година, а од неодамна е претставен и преку мултимедијален проект Битолско корзо кој се емитува на Тера телевизија. Денес битолчани ќе имаат можност да ги запознаат лицата на папараците што секоја сабота ги фотографираат, а јас за во иднина најавувам уште многу вакви интересни проекти и новитети што ќе ги има на нашиот портал“ – изјави Мартин Николовски.

Проектот Саботно корзо на веб – порталот Шеталиште започна пред околу една година, и за краток временски период доби голема популарност и беше одлично прифатен од битолчани.

Од веб – порталот Шеталиште најавуваат дека и воиднина ќе има вакви интересни настани и новитети кои ќе ги креираат заедно со читателите на веб – порталот.