Градежни активности на општина Новаци во Мариовско

Општина Новаци издвои 1,2 милион денари од сопствениот буџет за реконструкција на манастирот во с.Градешница.

„Секоја година општина Новаци издвојува средства зависно од можностите од сопствениот буџет за реконструкција и санирање на црквите и манастирите кои се наоѓаат на наша територија а ги имаме во изобилство.“ вели градоначалникот на општина Новаци , Лазар Котевски.

Исто така во мариовското село Градешница планирано е да се изгради мост кој ќе чини 800 000 денари а средствата се обезбедени повторно од буџетот на општина Новаци.