Француско-германско одбележување 100 години од Првата светска војна

По повод стогодишнината од Првата светска војна, германската и француската амбасада, денеска заедно го одбележаа 11 ноември 1918 година, датумот на кој беше потпишано примирје со кое се стави крај на непријателствата. Градоначалникот Лазар Котевски заедно со делегација од општина Новаци положија цвеќе на француските гробишта во Битола.

„Бидејќи на територијата на Општина Новаци поточно на Кајмакчалан се водеа големи битки помеѓу 1 200 000 војници од т.н Источниот фронт полоѓивме цвеќе на француските гробишта во Битола со цел да оддадеме почит и достојно да го одбележиме овој голем јубилед од помирувањето на завојуваните страни.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Заедничките церемонии се одржат на француските гробишта во Битола како и на германските воени гробишта во Прилеп.
„На овој ден на сеќавање, ќе им се одаде почит на сите жртви од воените злосторства; мртви, ранети и раселени лица на сите народи и од сите вооружени конфликти“, се наведува во заедничкото соопштение.
Во присуство на македонските власти, дипломатските претставништва и поканетите здруженија, амбасадорката на Германија одржа говор на сеќавање, на француските гробишта во Битола, а амбасадорката на Франција одржа говор на германски јазик, на германските воени гробишта во Прилеп, како сведоштво на француско-германското помирување и пријателство.

Општина Новаци досега во повеќе наврати соработувала со Франција особено во делот на развој на алтернативниот селскиот туризам а започна и со реализација на проект со оваа тематика Меморијален туризам со посебен осврт на Прва светска војна.