Фестивал на книгата „ Мост меѓу две срца“ во Новаци

По повод светскиот ден на книгата и авторското право, во општина Новаци се одржа фестивалот „Мост меѓу две срца“  кој е наменет за децата кои творат. Фестивалот има за цел да придонесе за поттикнување и промовирање на детското творештво, креативното изразување и негов развој во руралните средини.

„ Проектот има за цел да придонесе поттикнување на детското творештво  преку конкурсот  „Мост меѓу две срца“ кој што ќе го создадат деца -автори  од повеќе основни училишта во општините од регионот. Поттикнувајќи го детското творештво гледано од креативноста на детското срце и срцето на книгата.  “  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На фестивалот учествуваат по шест ученици автори како претставници од едно училиште,и тоа три од одделенска и три од предметна настава и по еден посебно надарен и талентиран ученик- автор кој е наградуван и посебно се истакнува во пишувањето.

„ Авторските творби кои беа прочитани на фестивалот, по автоматизам влегуваат во детската книга која ќе се објави во октомври по повод месецот на книгата. На фестивалот гостуваат членови од Друштвото на писатели на Република Македонија кои ја негуваат детската литература и учениците ќе имаат можност да се дружат со нив. За најдобрите творби одлучуваше четиричлена комисија составена од писатели и професори по македонски јазик.“ вели Елизабета Јонќиќ – КИКН.

Фестивалот  се организира втора година по ред од страна на  Културно иновативниот клуб Новаци со партнерство на ОУ„Славко Лумбарковски“ и Општина Новаци.