Европратеничката Маријана Петир посети сточарска фарма во Мажучиште

Денеска, хрватската европратеничка Маријана Петир,  од редовите на Народните партии, заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Ванчо Костадиновски,  во придружба на  градоначалникот на Прилеп,  Марјан Ристески,   беа во посета на сточарска фарма во селото Мажучиште,во сопственост на  Стеван Јорданоски ,долгогодишен фармер и корисник на  владини субвенции за развој на сточарството .

Фармерот Јорданоски е сопственик на 30 грла крави,  кои  ги одгледува со сопствено производство на добиточна храна, што пак зачително ги намалува трошоците при производството на млеко.

Европратеничката Петир, се запозна со начинот на стопанисување на македонските сточарски фарми, начинот на исхрана на добитокот за да се добие  поголема продуктивност и можностите која оваа дејност, сточарството, им ја  нуди на едно македонско семејство.

 Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски  ја запозна европратеничката со државните субвенции што Владата ги дава за поддршка на овој земјоделски сектор, а Општината ги поддржува сточарите,  преку изградба на патна инфраструктура и  уредување на населните места, „за подобар живот на жителите во населените места„  истакна градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.