ЕУ ги поддржува напорите на ЗНМ за слобода на изразување

Здружението на новинарите на Македонија и Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска по повод 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот денеска во Скопје го означи почетокот на проектот „Вмрежување на новинари за слобода на медиуми„, поддржан од Европската унија.

Независни, плурални и слободни медиуми се есенцијални за демократијата на секој земја и за благосостојбата на граѓаните. Тие ја зголемуваат транспарентност и отченоста на властите поврзано со прашања од јавен интерес,  рече амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Аиво Орав во неговото излагање.

Амбасадорот Орав рече дека предизвиците на Македонија поврзано со  слободата на изразувањето се бројни, отсуството на балансирано и фер известување, самоцензура кај новинарите, нетранспарентни јавни институции, потребата за независно регулаторно тело и финансирањето на медиумите е недоволно транспарентно. „Ние сите знаеме дека граѓаните треба да бидат целосно информирани за да бидат во можност да изградат мислење и да учествуваат во процесот на донесување на одлуки што влијаат врз нивните животи“, истакна Орав. Според него, секое заплашување и насилство врз поединци за изнесување сопствено мислење во јавноста е неприфатливо.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани се заложи за поголема солидарност на новинарите и медиумите со новинарот Зоран Божиновски, притворен во затворот во Шуто оризари заради аферата Шпион. Селмани изрази загриженост што најголем дел од македонските медиуми не известуваат за случајот на Божиновски или одбегнаа да го спомнат неговото име од настанот на ЗНМ од пред затворот истражниот затвор. „ Не е време за академска расправа за тоа што е добро новинарство, туку е критично време кога треба да ја спасиме вербата дека во Македонија може да имаме слободни и професионални медиуми“посочи Селмани и повика на поголема солидарност со Божиновски.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски рече дека целите на проектот, кој ќе се спроведе во наредните три години, ќе бидат да се подобри известувањето на новинарите преку организирање на разни обуки и зајакнување на системот на саморегулација. „Проектот предвидува и следење на судски случаи за клевета против новинари“, рече Секуловски. Тој збореше и за регионалниот проект, во чие спроведување се вклучени шест балкански здруженија на новинари, со единствена цел да се промовира слободата на медиумите согласно европските стандарди. Предвидено е да се создаде онлине платформа на рано предупредување, преку која ќе се создаде мрежа на заедничко лобирање за новинарските здруженија, подобрување на законската рамка и нејзината соодветна имплементација.