ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА‏

Дочекот на Нова Година во Битола и овој пат традиционално беше на плоштадот Магнолија. На свечената програма настапија: Х Бенд, Сефедин Бајрамов, Борче Наумовски, Сашко Савевски, Паркети, Памперс, Виктор Апостоловски, Стефанија Милевска, главната ѕвезда на вечерта за помладата публика Даниел Кајмаковски, а за забава на повозрасните се погрижи Науме Петревски.

Со голем огномет беше одбележано доѓањето на новата година, проследено со поздравувањето на градоначалникот кој на сите граѓани им ја честита Новата година и им посака многу здравје, среќа и бериќет во истата.