Битолчанецот Љупчо Петровски добитник на признанието „Мајстор на аматерскиот филм“

На денешната прес конференција во Битола беше соопштено дека првото вакво високо признание на кино аматерот Петровски е резултат на петнаесет годишното активно снимање и постигнатите резултати кои се потврдуваат со повеќе од 40 високи признанија на фестивалите во државата и странство.

-Со добиеното признание, Љупчо Петровски стана шести мајстор на аматерскиот филм  во Македонија со право да биде член во разни жирија на фестивалите од прва категорија како во држава така и во странство. Инаку неодамна ја завршивме Филмската школа на млади и изработката на самостојни филмски проекти со кои младите се претставија на ревијата во градот како и  на меѓународниот фестивал „Тинтириминтири“во Скопје.  

Кино видео клубот „Студио Милтон Манаки“-Битола во моментов учествува со свои аматерски филмови на меѓународниот фестивал во Шумен, Бугарија, истакна Стефан Хаџи Андоновски, на денешната средба со новинарите во овој град.

 

Кино видо клубот „Студио Милтон Манаки“ почна и со подготовки на интернационалниот фестивал ,,Камера 300“ кој секоја година се организира под покровителство на светската асоциација УНИКА.