Биди хуман: Малку за многу детски насмевки

Во рамките на активностите кои Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола ги организира за одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски, на ден 27.04.2016 година (среда) со почеток во 18 часот, во кафе барот Интермецо, ќе се одржи хуманитарна акција „Биди хуман: Малку за многу детски насмевки“.

Сите средства кои ќе бидат собрани ќе бидат донирани во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Изјави за медиумите од претставници на Правниот факултет, ќе може да се добијат во текот на настанот, односно помеѓу 18 и 19 часот.