Бетонирање на канал за атмосферски води покрај патот Гнеотино -Брод кој беше срушен од поплавите

Со подобрување на временските прилики започнаа градежните работи на територијата на Општина Новаци . Еден од претходно зацртаните проекти беше и бетонирањето на каналот за атмосферска вода покрај патот Гнеотино – Брод кој беше оштетен од минатогодишните невидени поплави кои ја зафатија оваа пелагониска општина.

„ Започнавме со реконструкција на регионалниот патен правец Гнеотино- Брод кој беше оштетен на некои места кои беа погодени од поплавите кои минатата година ја зафатија Општина Новаци. Истовремено со реконструкцијата на аптот се врши и бетонирање на каналот за атмосферски води. Вредноста на овој проект изнесува близу 5 милиони денари а средствата ги обезбедивме од општинскиот буџет “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Паралелно со бетонирањето на каналот за атмосферска вода Гнеотино – Брод се добетонира 10-тиот канал во Новаци, а вредноста на овој градежен зафат изнесува 2,6 милиони денари , средства од Буџетот на Општина Новаци.