30.06.2016 Прес на ЛДП Битола.

По одлуката на Апелациониот суд Талески да остани во куќен притвор, денес советниците од ЛДП и опозицијата, поднесовме барање на седницата на Советот во јули на дневен ред да се стави  точка со која на Талески ќе му се препорача да поднеси оставка.

Со оставката на Талески ќе се отстранат пречките за Општината да можи нормално да функционира, а со препораката, Советот како орган на Општина Битола, ќе се огради од обвинението за криминал тежок 360 000 евра. Исто така со ова барање, на советниците од Вмро-Дпмне му се дава шанса да изберат помеѓу битолчани кои бараат оставка од Талески, или да застанат во одбрана на криминалот тежок 360 000 евра.

Како што на Европа за жал, потенцирам за жал му се случи Brexit, на Битола на задоволство на битолчани мора да му се случи Владимир Талески Exit. Талески мора да си оди. Ја користам уште еднаш ова прилика и бараме од Талески веднаш да си поднеси оставка.

Изјави  :Александар Касапов.