Побеснетиот Макс се враќа по триесет години – видео

По триесетгодишна пауза апокалиптичниот свет на серијалот за „Побеснетиот Макс“ се враќа на големиот екран со премиерата во француски Кан во четвртокот а ден потоа во кино салите ширум светот.

 

Филмот „Mad Max: Fury Road“ е еден од најочекуваните настани на годинешното издание на филмскиот фестивал во Кан, и покрај тоа што филмот не е вброен во официјалната конкуренција за наградите.

Наместо Австралиецот Мел Гибсон, кој со филмската трилогија од „Mad Max“ се вивна во филмските височини, осамениот воин во австралиската пустелија ќе го толкува Британецот Том Харди. Тина Тарнер, пак, во ролјата на Фуриза ја земени Шарлиз Терон.

Режисерот е истиот како и во првите три продолженија, Џорџ Милер. Тој „Побеснетиот Макс“ го сими во 1979 година, „Друмскиот воин“ две години подоцна, a третиот дел е снимен во 1985 година. Милер кој четвртиот дел одамна го имал во план но му беа потребни речиси три децении за да ги надмине многубројните продукциски проблеми.

Во продолжението „Fury Road“ (Автопат на гневот), светот запаѓа во безаконие предизвикано од катаклизмичен настан, а Макс, човекот „кој не арчи“ премногу зборови со помош на Императорката Фуроза мора да воспостави поредок.

Филмските критичари во влијателните светски списанија и весници, коишто го гледале филмот, го оценуваат како одличен./крај/мф/сн