Балканска Колонија на Ракотворци годинава ќе се одржува од 12-16 август.

Првите две изданија на овој фестивал на ракотворци се реализираа благодарение на поддршката од покровителот на БитФест, градоначалникот на Битола, а за ова трето издание ја имаме поддршката и од Министерство за култура на РМ – станавме дел од националната програма за култура со што Колонијата ја доби потврдата дека е од јавен интерес.

Балканска Колонија на Ракотворци е фестивал од културата на ракотворењето или како што формално-правно се наречени производите „домашни ракотворби“ – сите производи изработени со едноставни алатки, материјали кои може да се најдат во малите локални бизниси, во традиционална техника и, со многу вештина, љубов и надеж. Секако во работата на ракотворците може да се забележи и голема доза на снаодливост, а на многумина од нив рециклирањето им е практичната присвоена филозофија.

Нашиот пристап кон учесниците е на државно и балканско ниво, а концептот на настани вклучува едукативни содржини, работа пред публика и промоција. За учесниците Балканска Колонија на Ракотворци претставува можност за иновативност и надградба на квалитетот , практична проценка низ артистичката и комерцијалната оценка.

Оваа годинаБалканска Колонија на Ракотворциќе се одржуваод 12 до 16 август.Годинава  присуствуваат учесници и од Р Австрија,  Р Србија, Р Турција, БиХ, Македонија и особено задоволство е што годинава комисијата избра и учесник кој е по потекло од Романија , но живее и работи во Македонија. Посебно задоволство ни претставувa што мастерклас во времетраење од 5 дена ќе одржи академскиот уметник, скулптор и специјалист за мозаици Руслан Сергеев,од Р Израел. Тој че работи со 6 дипломци и студенти од ФЛУ при УКИМ, предводеи од Тони Николовски, виш конзерватор и рествратор.

Како пропратна ( офф ) програма планираме реализација на трибина за  дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, за што уште е поголемо задоволството што Г-н Рамазан Ајкилич , сликар , од Измир прифати да направи скица. Нашите натамошни намери се нивните цртежи да прераснат во битолски традиционален сувенир.  Говорници ќе бидат Димче Миновски, хроничар и публицист и Наде Геневска Брачич, виш кустос од НУ Завод и Музеј.

Една од вечерите (15.08 сабота) ќе биде посветена и на трката на авторот Живко Поповски Цветин за влез во Гинисовата книга на рекорди за 2015 со најдолгата насликана со акрилни бои и цвет,  Цветна Патека за Мир.