Шекеринска: Од вчерашниот огромен митинг ги одбројуваме последните денови до слободата

Вчеравечер имавме величествен митинг во Битола и битолчани навистина покажаа дека со Груевски и со Талески е веќе е сé завршено и Битола како и целата Изборна единица 5 ни покажаа дека граѓаните бараат, инсистираат на промени, дека сакаат животот да се врати тука во Македонија, затоа ве повикуваме да продолжиме да ја испраќаме истата порака, реле во неделата Рамила Шекеринска, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатска листа во ИЕ5.

„Вечерва во 18 часот, тука во Скопје ќе организираме огромен митинг на којшто ќе покажеме дека Македонија застанува зад живот на своите најмлади зад себе, зад сите свои граѓани коишто бараат да биде подобро, животот да биде посигурен и животот да го градиме овде во татковината“, порача Шекеринска.

Ги повика граѓаните да се приклучат на овој митинг, заедно да ги „броиме последните денови на овој режим, заедно да покажеме дека на 11 декември доаѓа слободата, доаѓа животот во Македонија, доаѓаат подобри денови за нашата татковина“.

„Вечерва се гледаме во 18 часот пред Владата, вечерва почнуваме да одбројуваме до последните денови на режимот во нашата држава“, порача Шекеринска.