Претседателот Иванов ќе ги додели признанијата „Македонски квалитет 2016“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска ќе ги доделат признанијата „Македонски квалитет 2016“ на десет домашни компании.

Признанијата ќе им бидатдоделени на десет домашни инвеститори кои ќе ги добијат признанија за постигнатите деловни успеси и промоција на македонскиот квалитет на национално и глобално ниво.

Признанијата “Македонски квалитет 2016” ги доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Комисијата e составена од членови на кабинетот на Претседателот согласно прецизно воспоставени критериуми, која внимателно ги селектирала македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се економски амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и глобално ниво за што го добиваат признанието за 2016.