Македонската изолациона иновација „ТермоСтоп” ја освојува и Русија

Премиерот на Русија Димитри Медведев неодамна ги промовираше предностите на руските термо течни изолациони производи.

Иновацијата на Македонската компанија Металотехника Прилеп ќе се продава и на Рускиот и Украинскиот пазар. Станува збор за нов високо квалитетен термоизолационен производ „ТермоСтоп” кој претставува вистинско изолационо чуд. Овој производ добиен е по Нано технологија изработен според најновите истражувања на врвните експерти од компанијата Металотехника Прилеп http://metalotehnika.mk/#

Иновацијата е поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија со што овој револуционерен производ за прв пат се произведува во Македонија и во регионот. За квалитетот и ефектите на ваков тип на производ потврдува и Рускиот премиер Димитри Медведев кој на национална енергетска прес конференција за отворање на нов енергетски комплекс пред поголем број на градежни компании и медиуми од Русија нагласи дека станува збор за производ кој обезбедува најмалку 30 отсто заштеда на енергија.

Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолациониот материјал „ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Видео https://www.youtube.com/watch?v=CniP7__Jpww

Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Овозможува заштеданајмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува. Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн. Може да има примена во станбените објекти, а подеднакво и во индустриските капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. info@metalotehnika.mk