Тинејџер избоден пред училиште во Рашче

Дете на 15-годишна возраст, било префрлено во болница со убодна рана во стомакот, соопшти полицијата.

Имено, во вторникот околу 12.50 часот во полицијата во Скопје, медицинско лице од Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје пријавило дека екипа на Итна медицинска помош од пред село Рашче, скопско, превезла повредено петнаесетгодишно дете.

Момчето, кај училиштето во село Рашче, со остар предмет, било повреден во пределот на стомакот. На детето му бил извршен оперативен зафат. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.